Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ го прегази Манарино и се израмни со Федерер за најмногу грен слем четвртфиналиња во историјата (ВИДЕО)

/

пред 987 дена

Сподели преку :

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен откако на својот ривал Адријан Манарино му препушти само три гема.

Ѓоковиќ доминираше против Французинот и првите два сета ги освои со по 6-0. Во третиот му дозволи на ривалот да освои барем три гема. Манарино откако во претходните три рунди победи во мечеви од по пет сета, утринава немаше сили да биде посериозен тест за првиот светски рекет, кој ја запиша 32-та победа по ред на Австралија опен. Со овој триумф Ѓоковиќ сега се израмни со Роџер Федерер за најмногу грен слем четвртфиналиња во историјата со по 58.

Во следната рунда српскиот тенисер ќе се соочи со Тејлор Фриц. Американецот, кој е 12-ти носител го победи Стефанос Циципас во четири сета.

Јаник Синер во три сета го совлада Карен Хачанов за место во четвртфиналето, а таму ќе се соочи со Андреј Рубљов, кој во маратонски меч во пет сета го победи домашниот фаворит Алекс де Минор.

На женскиот дел од грен слем турнирот, втората носителка Арина Сабаленка ја победи Аманда Анисимова со 6-3 и 6-2 за 70 минути игра. Во четвртфиналето Белорусинката ќе се соочи со Барбора Крејчикова, која пак ја елиминираше тинејџерката Мира Андреева со 4-6, 6-3 и 6-2.

Четвртата фаворитка Коко Гоф и препушти само три гема на Магдалена Фрех и во четвртфиналето ќе игра со Марта Костјук, која пак ја совлада Марија Тимофеева со 6-2 и 6-1.