Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шифрин стигна до 95.победа во кариерата во Светскиот куп (ВИДЕО)

/

пред 987 дена

Сподели преку :

Микаела Шифрин во Јасна, Словачка, дојде до седмата сезонска победа во Светскиот куп во алпско скијање, а четврта во слалом. Американката до својот 95-ти триуф во кариерата дојде со вкупно време од 1:48,21 минути во двете возења. Зринка Љутиќ од Хрватска беше втора со само 14 стотинки послабо време, а место на подиумот имаше за Ана Свен Ларсон од Шведска.

Шифрин сега го зголеми водството во спуст, бидејќи има 630 бодови, 125 повеќе од својата најблиска ривалка Петра Влхова, која е повредена и денеска не настапи пред домашната публика во Словачка. Во генералниот поредок Шифрин исто така води со 1.209 бодови, 407 повеќе од Влхова, а 420 повеќе од Лара Гут-Бехрами.

Скијачките идниот викенд се селат во Италија во Кортина д’Ампецо, каде на програмата се брзинските дисцпилини, односно се возат две трки во спуст и една во супер велеслалом.