Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роднини на израелски заложници упаднаа во Кнесетот и побараа оставки

/

пред 1007 дена

Сподели преку :

„Станете од фотелјите, сите и сега“ е пораката со која роднини на израелските заложници упаднаа во Кнесетот и ја прекинаа работата на парламентарната комисија.

Стотина израелски заложници беа ослободени од Хамас во ноември, како дел од договорот за неколкудневен прекин на огнот во Појасот Газа со кој беа опфатени 300 палестински затвореници.

Израелската влада во меѓувреме одбиваше да преговара за друг таков договор. Упадот во Кнесетот дојде по објавата на израелската влада за убиство на уште еден заложник во Газа и впечатокот во јавноста дека е далеку од постигнување на целта – ослободување на сите Израелци кои Хамас ги зема во заложништво по нападот на 7 октомври.

Според израелските власти, борбите во Појасот Газа ќе продолжат со месеци. Палестинската милитантна група одговори дека повеќе нема да ослободува заложници до прекин на огнот.