Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автобусите се враќаат на скопскиот асфалт по 17:30 часот – Советот на Град Скопје ги изгласа субвенциите за ЈСП

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Советот на Град на Скопје попладнево ги изгласаа субвенции во износ од 11 милиони евра за ЈСП Скопје. „За“ гласаа 25 советници на втората вонредна седница што се одржа денеска. Според информации на Телма, автобусите попладнево, по 17:30 часот, се враќаат на скопскиот асфалт.

Градскиот Совет на Скопје претходно не ги изгласа субвенциите за ЈСП, средства кои треба да се искористат за исплаќање на заостанатите плати на вработените во јавниот превоз.

За точката на денешната седница на Советот, 22-ца советници гласаа „за“ субвенциите, додека 13 советници од ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани. На тој начин субвенциите не поминаа.

Од денеска вработените во ЈСП почнаа со штрајк поради неисплатените плати за декември. Денеска јавен превоз имаше само меѓу 4:50 и 9:00 за да се пренесат учениците до училиштата. На повеќе постојки низ Скопје има зголеме број на луѓе кои чекаат станици надевајќи се на автобус.

Симона Петровска