Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните добија градски превоз, автобусите на ЈСП од денеска сообраќаат на сите линии

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Градскиот автобуски превозник ЈСП од денеска сообраќа редовно на сите линии низ Скопје. Граѓаните добија јавен градски превоз по вториот успешен обид за гласање на субвенциите за исплата на плати на вработените во јавното сообраќајно претпријатие.

Вчера повеќе од осум часа автобусите останаа паркирани поради штрајкот на вработените во ЈСП кои бараа исплата на декемвриската плата.

Паркирани беа и автобусите на приватните превозници кои решија да ги поддржат колегите во одлуката и тие да стапат во штрајк бидејќи како што велат и нив ги засега оваа субвенција.

Граѓаните се снаоѓаа со сопствен превоз да стигнат до своите дестинации, па поради сголемениот сообраќаен метеж тешко се доаѓаше и до паркинг место.

Улогата на јавен превоз вчера беше префрлена на такси превозниците кои бележеа фолем број на повици.