Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и официјално даде зелено светло за барањето на Шведска за влез во НАТО.
Тој ја поврза ратификацијата на шведското членство во Алијансата со одобрувањето на американскиот Конгрес на турското барање за купување на 40 нови борбени авиони Ф-16 и комплети за модернизација на постојната турска флота.
Тој, исто така, побара од Канада и другите сојузници на НАТО да ги укинат ембаргата за оружје за Турција.











