Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Баерн Минхен купи нов десен бек за 30 милиони евра

/

пред 981 дена

Сподели преку :

Саша Бои е нов фудбалер на Баерн Минхен, објави клубот утринава. Десниот бек доаѓа од таборот на Галатасарај за обештетување од 30 милиони евра, плус 5 милиони во бонуси.

Французинот, кој има 23 години, потпиша договор до јуни 2028 година. Бои играше во дресот на турскиот гигант од летото 2021 година, а во својата татковина беше дел од Дижон и Рен.

Баерн овој јануари очајно бараше нов десен бек, а првично преговараше со Киран Трипие од Њукасл и Норди Мукиеле од ПСЖ, но овие трансфери не се реализираа, па челниците на германскиот шампион се свртеа кон Бои.