Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словенија е светски шампион во ски летови

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Репрезентацијата на Словенија го освои златниот медал во тимското натпреварување на Светското првенство во ски летови што се одржа овој викенд во Австрија на легендарната скокалница Кулм.

Словенечкиот тим во состав Ловро Кос, Петер Превц, Домен Превц и Тими Зајц финишираше на првото место со 1.615,4 бодови. Второто место и припадна на селекцијата Австрија,која освои 26,5 бодови помалку, а беше составена од Михаел Хајбек, Мануел Фетнер, Јан Херл и вчерашниот победник во индивидуална конкуренција Штефан Крафт. Бронзата оди во рацете на Германците, кои имаа 65,5 бодови помалку во однос на победничката селекција.

Следниот викенд продолжува Светскиот куп во ски скокови, а натпреварот е во германски Вилинген.