Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуирани Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд на Црна Гора поради заканувачка порака за поставен експлозив

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Зградата во која се наоѓаат Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд на Црна Гора утрово е евакуирана поради заканувачка порака која пристигнала на нивните адреси.

Во пораката стоело дека во тие судови биле поставени експлозиви и антракс.

Поради заканата, евакуирано е и Врховното државно обвинителство, а во заканувачкиот мејл пишува дека експлозиви биле поставени и во општина Подгорица.

За РСЕ е потврдено дека до судовите е испратен заканувачка електронска пошта со следнава содржина:

„Има уште многу, Квон, Абазовиќ, Лазовиќ и Мило лежат невини. Браќата поставија антракс и пластичен експлозив во Врховниот суд, Апелациониот суд, Вишиот суд, Општина Подгорца, Вишото обвинителство Подгорица. Се гледаме во пеколот!”

Испраќањето анонимни закани со експлозив до црногорските судови беше изразено особено во текот на минатата година и во 2022 година. Сите дојави беа лажни.