Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Смена на директорската позиција на Инфективна на местото на Милена Стевановиќ назначен е Фадил Цана

/

пред 993 дена

Сподели преку :

Клиниката за инфективни болести во Скопје со нов директор. На местото на досегашната д-р Милена Стевановиќ сега е назначен д-р Фадил Цана, кој е инфектолог на Инфективната клиника.

Досегашната директорка беше на чело на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите седум години, вклучувајќи го и периодот на пандемијата со коронавирусот.

Министерот Фамир Меџити, одлуката за нов в.д. директор ја потпишал вчера на крајот од работното време.

Новиот директор е негов сопартиец. Стевановиќ виден член на СДСМ и се споменуваше како можен кандидат за градоначалник на Центар на последните локални избори.

Од здравство одлуката за именување на Цана рекоа дека ќе ја образложат во текот на денешниот ден.

Засега нема официјални информации за причините за смената на директорската позиција на Клиниката.