Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маск: Пациентот со вграден чип во мозокот добро закрепнува

/

пред 978 дена

Сподели преку :

Американскиот бизнисмен Илон Маск објави дека на првиот пациент на кој му бил вграден чип во мозокот преку програмата Телепати (Telepathy) на неговата компанија „Неуралинк“ добро закрепнува.

„Првите резултати покажуваат ветувачко откривање на невронската активност“, напиша Маск во објавата на платформата X.

Маск рече дека чипот „ќе ви овозможи да го контролирате вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси секој уред, само со размислување“, пренесува Скај њуз.

Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и вели дека сака да помогне во справувањето со сложените невролошки состојби. Голем број ривалски компании веќе вградија слични уреди.

Осврнувајќи се на покојниот британски научник кој имаше болест на моторните неврони, тој додаде: „замислете Стивен Хокинг да може да комуницира побрзо од дактилограф. Тоа ни е целта“, рече Маск.