Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Болните од Ковид – 19 денеска гласаа за градоначалник на Штип

/

пред 2123 дена

Сподели преку :

Почнаа изборите нов градоначалник  на Општина  Штип со гласањето на болните од Ковид 19 и лицата кои се во изолација. Двата медицински избирачки одбори денеска со скафандери и заштитна опрема ќе посетат вкупно 12 граѓани, кои се во своите дома поради позитивните тестови или се во изолација.

Од Општинската изборна комисија велат дека протоколите за гласање се исти како и на предвремените Паралманетарни избори. Малиот интерес за денешното гласање е затоа што поголем од заразените деновиве излегле од изолација, во рок од пет дена оздравени се над 160 граѓани. Промените се и пет локации на избирачки места, кои не ги задоволуваа здравствените протоколи. Претседателката на Општинската изборна комисија вели дека постојано ќе се прави и дезинфекција на гласачките места. Во Штип вкупниот број на гласачи е 41.777, а за да бидат успешни изборите на 13 декември треба да гласаат една третина од запишаните избирачи или своето право на глас да го остварат 13.996 граѓани.

Утре е и гласањето на 133 болните и немоќни, како и на осудениците и на лицата кои се во геријатриски домови. Во недела 77 те избирачки места се отвараат во 7, а се затвараат во 19 часот.

Викторија Димитрова Јованова