Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Блинкен и Столтенберг апелираа на „одмрзнување“ на воената помош за Украина, што ја блокираа Републиканците

/

пред 999 дена

Сподели преку :

Реафирмација на обединетиот фронт за помош на Украина, војната во Газа, напад врз американските војници на Блискиот Исток, тензиите со Хути бунтовниците во Црвеното Море.

Тие, но и други прашања беа теми на разговор меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон во пресрет на самитот на Алијансата.

Столтенберг истакна дека победа на Русија во војната со Украина би била охрабрувачка за Кина, Северна Кореја и Иран. Тоа, пак, би претставало сериозна закана по безбедноста на Европа и на САД.

Блинкен и Столтенберг апелираа на „одмрзнување“ на воената помош за Украина што ја блокираа Републиканците за, како што нагласија, Киев да може да врати контрола врз територијата што ја окупира Москва. Во спротивно, како што нагласи Блинкен, ќе биде загрозено се што досега е направено.

Американскиот државен секретар ја поздрави ратификацијата на шведското членство во НАТО во турскиот парламент, процес кој треба да го комплетира Унгарија. Ситуацијата на Блискиот Исток ја опиша како најопасна од 1973 година. За убиството, пак, на тројцата американски војници во Јордан и десетиците повредени, тој порача дека САД ќе одговорат на начин, место и време кога ќе одлучат.

Сашко Димовски