Косовската полиција утрово извршила рација во просториите на привремените власти на општините Пеќ и Исток, во Гораждевац и Осојан.
Во Гораждевац според информациите на српските медиуми полицајците го тргнала и српското знаме од зградата на привремената управа на општина Пеќ, а повеќе од половина час ги претресуваа и новинарите на Радио Гораждевац.
Тие раскажуваат дека полицијата им велела дека се сомнителни. Не држеа, го пребараа автомобилот, а претходно ни ги одзедоа клучевите не дозволувајќи да излеземе од паркингот пред радиото“, вели уредникот на Радио Гораждевац, Дарко Димитријевиќ во изјава за Еуроњуз Србија.
Во Осојан полицијата освен во просториите на привремената управа влегла и во локалната амбуланта, а дежура и пред селската аптека која во моментов е заклучена. Децата се испраќаат дома од училиште и градинка.
Гораждевац е најголемото село во општина Пеќ, додека Осојане е најголемото село со повратници во општина Исток.
Косовската полиција пред неколку дена ги затвори привремените власти на општините Драгаш, Сува Река, Призрен и Ораховац.











