Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од понеделник штрајк, на шалтерите на Фондот за здравствено осигурување ќе има само по еден вработен за итни случаи

/

пред 990 дена

Сподели преку :

Од понеделник (05.02.2024 година), Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк.

Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: 1) Пријава на малолетно лице како член во осигурување; 2) Регулирање на осигурување за хоспитализирано лице; 3) Лекување во странство за итни случаи.

Од синдикатот истакнуваат дека само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи.

Штајкот е поради проблемот со платите, односно најавеното намалување за 21 отсто, а вработените бараат исплата на плата во висина на декемвриската.

Синдикалната организација на ФЗО при Синдикатот на УПОЗ, во преговори со раководството на ФЗО и Управниот одбор на ФЗО во јули 2023, постигна договор за покачување на платите на вработените во ФЗО во висина од 15 проценти во неколку фази.

Вработените во ФЗО се заканија со штрајк ако им се намалат платите

Се обидува ли власта да ја пополни касата на Фондот за здравство со кратење на платите на вработените? Какви сѐ проблеми може да предизвика штрајк во ФЗОМ? Зошто се уште се чека фамозното решение за платите на функционерите? Какви плати за админстрацијата скроија новите закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор.

Во Топ Тема гостуваа Трпе Деановски, претседател на УПОЗ и Бранко Аџигогов претседател на Синдикатот во ФЗОМ.