Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје утринава во друштво на најзагадени светски метрополи Сараево, Делхи и Дака

/

пред 990 дена

Сподели преку :

Црвен аларм за опасни зони. Главниот град утринава е главен и во друштвото најзагадени светски метрополи. Скопје, или го држи врвот на една од најнегативните листи или е во тесна трка со Сараево, Делхи или Дака за првите пет најопасни точки во светот. Различни се мерењата на концентрацијата на канцерогени ПМ честички, но мали се нијасите во разликите. Ниту едно не го исклучува копчето за опасност. Двојно, тројно или неколкукратно надминат дозволен праг на аерозагадување во скопските општини е весела матаматика со трагични последици. Граѓаните се во прашалници, дали нивните здравствени проблеми се директна последица на загадениот воздух.

Освен Скопје, црна точка, особено во вечерните часови, е и Тетово. На тетовци не им е јасно зошто една ноќ едвај дишат, а веќе следната концентрацијата на опасните ПМ честички е неколкукратно намалена. Лекарите со објаснување дека временските условите ја диктираат нивната концентрација, но на граѓаните тешко им е да поверуваат. Многу дилеми, но еден заклучок. Градот под Шара, се закити со епитетот град на депонии и загаден воздух.

Објаснување за високото аерозагадување бараат и битолчани, струмичани, кавадарчани. Реакциите зовриваат, а надлежните, во обид да ги смират и изладат, прстот го вперуваат во сите околу нив, освен во сопствените редови.

Нивните анализи покажуваат дека печките на дрва го трујат воздухот. Според Животна средина, 45% од аерозагадувањето го предизвикуваат домаќинствата кои се греат на дрва, а дел од стручњаците проблем гледаат и во старите дотраени печки.

Додека надлежните анализираат, граѓаните прашуваат зошто се игнорираат палењето на дивите депонии и густите црни чадови надвиснати на дел од големите индустриски капацитети.

Весна Ј. Дојчиновска