Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мбапе во Реал Мадрид, Леао во ПСЖ?

/

пред 974 дена

Сподели преку :

ПСЖ полека го прифаќа фактот дека Клијан Мбапе од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, па веќе ја бара неговата потенцијална замена. Прв на листата на желби на парижаните е најдобриот играч на Милан.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ синоќа објави информација дека Мбапе веќе решил да му се приклучи на Реал Мадрид претстојното лето и тоа како слободен агент, откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Оваа шпекулација веќе подолго време струи низ европските и светските медиуми, но официјална потврда засега нема. Мбапе ќе чека до крајот на сезоната за да ја соопшти својата конечна одлука. 

Во меѓувреме, француските медиуми велат дека прва трансфер-цел на ПСЖ ќе биде Рафаел Леао. Челниците на клубот сметаат дека фудбалерот на Милан има слични карактеристики и голем потенцијал да биде достојна замена за Мбапе. Португалецот има откупна клаузула од 175 милиони евра во новиот договор, но „росонерите“ би се согласиле и на нешто пониска сума од 150 милиони.