Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нападите нема да минат без одговор и последици – Хутите се решени да возвратат на американско-британските удари

/

пред 994 дена

Сподели преку :

Бунтовничката група Хути најавија одговор по вториот бран на американско-британски напади врз 36 цели на 13 локации во Јемен. Портпаролот на военото крило на движењето, Јаха Саре порача дека воздушните дејствија нема да минат без одговор и последици. Доцна синоќа, Пентагон објави дека во нападите од воздух и море се погодени подземни складишта за оружје, ракетни состави, лансери и друга воена опрема што ја користеле Хутите за напади врз бродови во Црвеното Море. Нападите во Јемен се дел од одмаздничка кампања на САД за убиството на тројцата американски војници во Јордан.

Осуда на американско-британските напади дојде и од палестинската милитантна група Хамас. Негови претставници предупредија дека тоа ќе доведе до дополнителни превирања на Блискиот Исток.

Денеска во Багдад се одржа јавен погреб на 16 лица, меѓу кои и цивили, кои загинаа во американските воздушни напади врз позиции на Силите за народна мобилизација (ПМФ) во провинцијата Анбар. Нивниот шеф го повика ирачкото раководство да застане во одбрана на суверенитетот, достоинството и просперитетот на Ирак, што според него, е можно само ако меѓународните коалициски сили ја напуштат земјата.

Американскиот министер за одбрана Флојд Остин најави нови напади во Јемен, доколку Хутите продолжат со нивната кампања. Од средината на октомври, американските и сојузничките трупи во регионот беа нападнати повеќе до 165 пати, главно во Ирак и во Сирија. Иран, Ирак, Сирија и други земји остро ги осудија нападите, а Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за состојбата на Блискиот Исток што треба да се одржи во понеделник во Њујорк.

Сашко Димовски