Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 51 лице загина, уништени над 1.000 домови – апокалиптични сцени од Чиле каде беснеат 92 шумски пожара

/

пред 994 дена

Сподели преку :

Најмалку 51 лице загинаа во големите шумски пожари што го зафатија Чиле. Уништени се над 1.000 домови, изгореа два автобуски терминала и повеќе од 8.000 хектари земја. Стотици пожарникари, со поддршка на локалното население, но и од 19 хеликоптери, се борат со огнената стихија.

Чилеанската министерка за внатрешни работи, Каролина Тоха изјави дека во моментот горат 92 пожара во централниот и јужниот дел на земја. Најпогоден регион е Валпараисо во кој живеат, речиси, еден милион жители, а драматична е состојбата и околу туристичкиот регион Вина дел Мар.

Претседателот на Чиле прогласи вонредна состојба, додека Националната служба за превенција и реагирање на катастрофи издаде црвено предупредување и побара евакуација на шест општини.