Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американскиот сенат со нов предлог – 118 милијарди долари за безбедноста на границата но и за помош на Израел и Украина

/

пред 992 дена

Сподели преку :

Американскиот Сенат претстави договор вреден 118 милијарди долари со кој би се зголемила безбедноста на границата и би им се пружила помош на Израел и Украина.

Доколку се усвои двопартискиот компромис, би бил прво големо ажурирање на американскиот миграциски систем од 1990-те.

Предлогот би можел да биде најдобрата шанса за претседателот Џо Бајден повторно да ѝ испрати воена помош на Украина.

Со нацрт законот објавен вчера би се обезбедиле 60 милијарди долари помош за Киев, чии напори да се потиснат руските сили се ослабени поради прекинот на американските испораки на муниција.

Со договорот би се обезбедиле и 14,1 милијарда долари воена помош за Израел, околу 2,44 милијарди наменети се за решавање на прашањето на безбедноста во Црвено Море, каде јеменските бунтовници Хути вршат напади на комерцијални бродови поврзани со Израел, додека 4,83 милијарди долари се предвидени за поддршка на азиските сојузници во екот на тензиите меѓу Кина и Тајван.

Според договорот, претседателот би добил нови овластувања веднаш да ги протера мигрантите ако властите се пренатрупани со барања за азил.