Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Е’вропската Унија (ЕУ), Жосеп Борел, кој престојува во дводневна посета на Украина, соопшти дека утрото го дочекал во засолниште поради сирените за воздушна опасност кои се огласија ширум Киев.
„Утрото го почнувам во засолниште додека се огласуваат сирените ширум Киев. Ова е секојдневна реалност на херојскиот украински народ, откако Русија ја почна противправна агресија“, напиша Борел на платформата Х.
Русија утрово изведе ракетни удари врз Киев и други украински градови, соопштија украинските воздухопловни власти. Неколку експлозии се слушнаа во главниот град на Украина. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко информира дека се ангажирани системите за противвоздушна одбрана.
Кличко додаде дека делови од градот останале без струја, откако соборена руска ракета оштетила далноводи.
Сирените за опасност од воздушни напади ширум Украина траат веќе три часа, пренесува Ројтерс.











