Вулканот во југозападниот дел на Исланд, кој еруптираше два пати во декември и во јануари, исфрлајќи лава кон блиската заедница, повторно ќе еруптира, соопшти исландската метеоролошка канцеларија.
Во последните неколку дена, началникот на полицијата на Судурнес одлучи да им дозволи на жителите на Гриндавик да ги посетуваат своите домови, но не подолго од 6 часа. За два дена, 2.000 луѓе успеале да ги посетат нивните имоти, поради можна повторна ерупција на вулканот.
Гриндавик е град со 3.800 жители на околу 50 километри југозападно од Рејкјавик, главниот град на Исланд. Заедницата претходно го евакуираше градот во ноември по серијата земјотреси кои отворија големи пукнатини на земјата, а повторно беше евакуирана во јануари ноќта пред да започне последната ерупција.











