Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хејли загуби и без Трамп на ливчето – „никој од кандидатите“ победи на изборите во Невада

/

пред 991 дена

Сподели преку :

Опцијата „никој од кандидатите“ победи на републиканските избори во Невада, што е големо разочарување за Ники Хејли кој во отсуство на Доналд Трамп, поради изборните правила во таа американска сојузна држава, практично немаше конкуренција.

Најбројни беа гласачките ливчиња со заокружено „никој од кандидатите“, опција за која се определија 61 осто од избирачите додека за Хејли глааа 32 отсто, покажаа официјалните резултати.

На републиканците во Невада им беа понудени две можности – класични предизбори во вторникот, а во четврток поради избирачите (caucase). Разликата е во тоа што предизборите ги организира сојузната држава, а избирачите може да гласаат било каде, било кога и било како, на пример со можност за гласање преку пошта. Спротивно на тоа, caucase ги организира партијата и тоа подразбира физичка присутност на избирачот со документ за идентификација во рака, на одредено место и во одредено време.

Републиканската партиа во Невада ги отфрли предизборите на ниво на држава и ќе одржи избор на гласачите во четврток. Покрај тоа, партијата им забрани на сите кандидати кои учествуваа на изборите во вторникот, да учествуваат и на оние во четврток, меѓутоа на гласачкото ливче го немаше Трамп. Затоа него ќе го има на гласањето во четврток, што, пак, нема да биде случај со Хејли. На нејзина жалост, одлуката на избирачите ќе одлучи кој ќе ја добие поддршката на делегатите во Невада.

Иако резултатите од предизборите во Невада немаат никакво влијание, тие претставуваат дополнително разочарување за Хејли која веќе загуби од Трамп на предизборите во Ајова и во Њу Хемпштир. Таа е со слаби изгледи за победа и во нејзината држава – Јужна Каролина.