Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алпин со новиот болид очекува подобра сезона во Ф1

/

пред 969 дена

Сподели преку :

Алпин е четвртиот тим во Формула 1 што го претстави болидот за претстојната сезона. Францускиот состав очекува да има многу поуспешна 2024 година за разлика од турбулентната 2023-та.

Алпин денеска го промовираше болидот А524 во Енстон, Англија. Минатата година францускиот тим имаше доста проблеми како со болидот така и во раководните структури, па се случија многу промени. Во Алпин изминатиот период влегоа неколку нови инвеститори, па сега амбициите се новиот болид да се бори за подиум на трките. Лани Алпин заврши на шестото место кај конструкторите. Возачкиот тандем повторно ќе го сочинуваат Естебан Окон и Пјер Гасли исто како и минатата сезона.

Пред Алипн своите болиди ги претставија Заубер, Вилијамс и Хас. Првата трка во новата сезона е закажан за 2.март за Големата награда на Бахреин.