Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полскиот џин Пиеховски е ново засилување на Еурофарм Пелистер

/

пред 969 дена

Сподели преку :

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се засили со Матеуж Пиеховски на пикерската позиција пред почетокот на плејофот во домашното првенство. Полскиот џин веднаш му се става на располагање на стручниот штаб, но не е јасно дали ќе дебитира на дербито со Вардар во сабота во Битола.

Пиеховски има 28 години и своите први ракометни чекори ги направил во Висла, а во кариерата настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ. Пикерот кој е висок 210 сантиметри за полската национална репрезентација има настапувано и на големи натпреварувања, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ. Пиеховски потпиша договор на една и пол година со битолскиот состав и ќе биде замена за Данецот, Андреас Јохан Нилсен.
Клубот оваа зима се збогуваше и со Дарко Стевановиќ и Каспер Кисум, а се засили со Дејан Манасков.