Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови американски напади врз цели на Хутите

/

пред 989 дена

Сподели преку :

Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американските сили извршиле седум „одбранбени“ напади против четири поморски беспилотни летала на Хутите и седум мобилни противбродски ракети, кои се подготвувале да бидат лансирани врз бродови во Црвено Море.

ЦЕНТКОМ ги идентификуваше овие ракети и поморски беспилотни летала во областите во Јемен контролирани од Хутите и утврди дека тие претставуваат непосредна закана за бродовите на американската морнарица и комерцијалните бродови во регионот, се наведува во соопштението објавено на платформата Икс.