Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку осум загинати, меѓу кои три деца, во рускиот напад со дрон на Харков

/

пред 987 дена

Сподели преку :

Ноќеска во напад на руско беспилотно летало  врз Харков, вториот по големина град во Украина, загинаа најмалку 8 лица , меѓу кои се три деца. Според гувернерот на регионот Харков, Олех Синиехубов, нападот бил извршен со беспилотно летало „ Шахед“ , од иранско производство. Тоа ја погодило цивилната инфраструктура во градската областа Немишљан, предизвикувајќи огромен пожар во кој изгореле 15 приватни куќи.Повеќе од 50  луѓе биле евакуирани , а надлежните го локализирале пожарот. Според украинските воздухопловни сили, нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 23 од 31 дрон, лансирани од Русија во текот на ноќта.

  • Сега сме на местото каде што продолжува работата за ликвидација на последиците од непријателскиот напад и продолжува гаснењето на пожарот. Ова беше складиште за гориво. Во моментов се евакуирани повеќе од 50 луѓе . Спасени се четворица од едно семејство , меѓу кои едно дете. А, сопругот добил изгореници на 40% од телото. Уништени се 15 станбени згради , од кои во моментот се идентификувани седум тела. Пет лица од едно семејство починале. Маж со неговата жена и трите деца, на 7 и на 6 години и на 7 месеци. Сите наши служби работат на лице место, вклучително форензичари , за да ги идентификуваат телата, соодветно на испитувањата на ДНК, изјави шефот на Регионалната воена администрација на Харков, Олех Синиехубов.
  • Оваа вечер руските сили лансираа беспилотни летала од типт „ Шахед“ , според прелиминарните информации од регионот Белгород. Како резултат на тоа околу 23 часот три беспилотни летала од типот „ Шахед“ , погодија цел на критична инфраструктура во областа Немишљан во Харков. Структурата беше уништена, а како резултат на тоа избувна голем пожар кој го оштети приватниот сектор, рече Олександр Филчаков, главен обвинител на Харков.
  • Рускиот агресор го уништува нашиот град , градот херој Харков. Но, ние ќе го надминеме тоа, ќе победиме. Дузини приватни куќи се уништени. Ние ќе победиме. Слава на Украина , кажа Ихор Терекхов, гувернер на Харков.