Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Музејот на современа уметност го одбележа шеесетгодишниот јубилеј, изложувајќи дело од италијанскиот уметник Барукело

/

пред 969 дена

Сподели преку :

По 35 години, денеска Музејот на современа уметност во Скопје го изложи делото „Доблест во нужност“,  од познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело. Ексклузивното изложување на делото, како што рекоа од МСУ, е во чест на одбележувањето на шеесетгодишнината од основањето на МСУ и еден век од раѓањето на Барукело, кој почина минатата година.

  • По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, уметниците од целиот свет во знак на солидарност започнуваат да подаруваат свои уметнички творби од кои се создава уникатната колекција на Музејот. Делото на Барукело, кое е едно од најрепрезентативните донации на македонскиот музеј, е конзервирано од стручниот тим на МСУ-Скопје и ќе биде претставено пред јавноста овозможувајќи нови согледби и толкувања“, рекоа од МСУ.

На настанот беше претставен и новиот двоброј на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“ , посветено на актуелните дебати во критичката музеологија.

По формалниот почеток на настанот, се одржа тура низ тековните поставки на МСУ, што ја водеше кустосот Бојана Јанева.