Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рекол дека дошол за исчисти – пукање во Атина, отпуштен работник во бродска фирма убил едно лице, повредил две

/

пред 986 дена

Сподели преку :

Едно лице е убиено, а две се ранети во пукање во една бродска компанија во населбата Глифада во Атина, објави грчката ТВ станица ЕРТ. Според првичните информации, напаѓачот е 70-годишен маж, поранешен вработен во фирмата, со потекло од Египет кој бил отпуштен.

Како што пишува грчка Прототема, извршителот на нападот од паркингот влегол во просториите на компанијата. При влегување рекол дека дошол да исчисти. Најпрво се качил на меѓуспрат каде пукал во две лица, а потоа се качил на втор спрат и пукал во уште едно лице, најверојатно жена.

На лице место се бројни полициски екипи и најмалку три возила на итната медицинска помош и во тек е акција за негово апсење.