Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН: Нема да учествуваме во присилното раселување на Палестинците

/

пред 985 дена

Сподели преку :

Обединетите нации (ОН) соопштија дека нема да учествуваат во присилно раселување на Палестинците во Газа, нагласувајќи дека нема безбедно место на кое може да се оди на територијата каде што израелската воена офанзива е во тек.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик изјави дека мнозинството Палестинци во јужниот дел на Газа не можат да бидат вратени назад во северните и централните области, кои се преполни со неексплодирани мини, каде што домовите се уништени, а хуманитарната ситуација е исклучително тешка поради минималната испорака на храна и други потреби. Тој додаде дека соработката со израелските власти е „слаба“.

Портпаролот на израелската влада Ејлон Леви ги обвини агенциите на ОН дека се позагрижени за притисокот врз Израел да ја прекине војната со Хамас и оти се спротивставуваат на напорите да се испразнат упориштата на Хамас, во согласност со обврските според меѓународното право, и дека таквите мерки претставуваат присилно раселување.

Подоцна Леви рече дека Израел не бара помош од ОН за евакуација на Рафа, туку за заштита на Палестинците „наместо да му помага на Хамас“.

Дижарик нагласи дека „не постои место кое во моментов е безбедно во Газа“ и оти ОН сакаат да обезбедат „се што се случува да биде направено со целосно почитување на меѓународното право, целосно почитување на заштитата на цивилите“ и дека ОН нема да учествуваат во присилно раселување на луѓето.