Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: За онкологија исказ ќе даваат директорите, терапиите чинеле до 6.000 евра, каде завршиле најмалку 30 милиони евра?

/

пред 963 дена

Сподели преку :

Клиниката за радиотерапија и онкологија. Место кое треба да им даде надеж на пациентите кои се борат со најтешката болест-канцер. А спасот го гледаат во нивните доктори онколози и во директорите кои треба да им ја обезбедат скапата биолошка терапија која живот значи. Годината е  2019. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат се осомничени дека тогаш започнуваат да ја злоупотребуваат терапијата. Тоа траело три години. Се до 2022, покажува досега истрагата. Штетата е проценета на 30 милиони евра. Во КОД интервју со обвинителката која го води случајот, Ана Гоговска-Јакимовска.

И додека Васев пред анкетната комисија тврдеше дека работел за доброто на пациентите сега тоа ќе треба да и го докаже и на обвинителката Гоговска-Јакимовска. Тој и Нухи се повикани да дадат исказ во обвинителството. На прашањата на обвинителката веќе одговараа и тројцата осомничени онколози.Со истрагата засега се опфатени седум тендери. Терапиите чинеле од 15 до 5000, 6000 евра.

Се штанцале ли терапии за да се крадат пари. Главното прашање на кое одговор треба да даде истрагата е за кого осомничените обезбедувале корист. Милионскиот профит не завршувал во нивниот џеб.

Марија Митевска