Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Украина тврди дека го потопила рускиот десантен брод „Цезар Куников“ во Црното Море

/

пред 984 дена

Сподели преку :

Украина го нападна и уништи рускиот воен брод „Цезар Куников“ во Црното Море, соопштија официјални претставници на Киев. Операцијата врз рускиот десантен брод ја извела украинската воена разузнавачка агенција ГУР, како дел од заеднички активности.

Во нападот учествувале беспилотни летала „Магура“ кои го оштетиле бродот до степен да не може да се поправи и според официјален украински претставник, „Цезар Куников“ потонал во Црното Море.

Руската страна сè уште е без официјален коментар, иако украинската веќе почна да споделува снимки од нападот врз десантниот брод.

Единици на руската армија се обидоа да изведат спасувачка операција во која беа вклучени чамци и подморница додека два хеликоптера Ми-8 се забележани како летаат кон и од местото на настанот.