Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОН: Копнената офанзива во Рафа ќе доведе до „колеж“

/

пред 984 дена

Сподели преку :

Израелскиот напад врз Рафа, најјужниот град во Газа, може да доведе до „колеж“. Повеќе од милион луѓе се лице в лице со смртта, во градот има незначителна количина на храна и лекови, но нема пристап до помошта, предупредуваат ОН. Светската организација не добила никакви планови за евакуација на населението од Рафа од страна на Израел и нема да учествува во каква било присилна евакуација. Израелскиот премиер Нетанјаху, кој ја најави копнената офанзива во Рафа, веќе не одговара на телефонските повици на Гутереш.

  • „Па, јас сум особено загрижен поради влошените услови и безбедноста за испорака на хуманитарна помош во Газа. Има нарушување на јавниот ред во исто време кога имаме ограничувања наметнати од Израел кои не се подобруваат и ја ограничуваат дистрибуцијата на хуманитарна помош“ – Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации.

Израелската војска објави ново видео од тунелите на заробениот лидерот на Хамас, Јехја Синвар и неговото семејство, тој е главен организатор на нападот од 7 октомври врз јужен Израел. Израелската војска најавува дека мисијата ќе биде исполнета ослободување на заложниците и ослободување на Газа од Хамас.

  • „Водачите на Хамас се грижат за сопствените семејства и за пари, не им е гајле за ништо друго. Јехја Синвар е заинтересиран само за својот опстанок на сметка на жителите на Газа. Ова видео снимено во Кан Јунис е едно од многуте. Хамас е компромитиран. Хамас ќе биде разбиен и лидерите на Хамас каде и да се кријат треба да знаат дека времето им истекува“- Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.

Утринава чад и експлозии се забележани над Појасот Газа, еден ден откако официјални лица изјавија дека Израел и Хамас напредуваат кон уште еден договор за прекин на огнот и ослободување заложници.

Израелската војска објави снимка од воените воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа. Во нападите на Израел во Газа загинаа повеќе од 28.000 Палестинци, од кои повеќе од 70% се жени и деца, според Министерството за здравство на Газа, кое не прави разлика меѓу цивили и борци. Израел вети дека ќе го искорени Хамас од Газа и ќе ги врати дома повеќе од 100 заложници кои се уште се во рацете на милитантите по нападите на 7 октомври во кои Хамас уби околу 1.200 луѓе, главно цивили.

Билјана Ставрова