Лидерите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски, утре во Париз ќе потпишат билатерален договор за безбедност.
Според Елисејската палата, спогодбата е дел од заложбата прифатена на состанокот на групата од седумте најразвиени индустриски земји (Г7), одржан на маргините на ланскиот самит на НАТО во Вилнус.
Челниците на Алијансата поставија краен рок за прием на Украина во Северноатлантскиот сојуз, но земјите од Г7 ветија дека ќе обезбедат воена поддршка „на долг рок“ за да и помогнат во борбата против руската офанзива и да ја одвратат Москва од каква било идни напади на Украина.











