Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина почна со повлекување на дел од трупите во Авдеевка, падот на градот е прашање на време

/

пред 982 дена

Сподели преку :

Украина во некои области на Авдеевка, град во регионот Доњецк, почна со повлекување на „поповолни позиции“ додека на други места се обидува да ги потисне руските единици, изјави Дмитро Лиговој, портпарол во украинската војска.

Тој наведе дека Украина активирала резервна логистичка рута за градот, но оти тешко се одвива снабдувањето на Авдеевка и евакуацијата на ранетите, пренесе „Ројтерс“.

Русија се обидува да го заземе градот по повеќемесечни борби.

Руските сили се подготвуваат да ја заземат Авдеевка во Донбас по особено интензивни борби, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

Ситуацијата во Авдеевка стана критична, меѓудругото, и поради недостигот на муниција кај украинските оружени сили.

„Град би можел да падне под контрола на руските сили. За жал, од Украина добиваме информации дека ситуацијата во Авдеевка е критична. Русија продолжува да ги притиска Украинците на дневна база“, изјави Кирби.