Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин потпишаа договор за долгорочни безбедносни обврски. Деталите засега не се познати.
Историски чекор. Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина против руската агресивна војна, напиша Шолц на социјалната мрежа Х.
Зеленски утринава пристигна во посета на Германија, а подоцна треба да отпатува за Париз. Од Елисејската палата беше соопштено дека Зеленски во Париз ќе потпише безбедносен договор со францускиот претседател Емануел Макрон.
Во јануари Украина потпиша ваква спогодба со Велика Британија.











