Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Загинаа 5 работници при колапс на градилиштето на супермаркет во Фиренца

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Италијанските спасувачи потврдија дека пет работници загинаа откако се урна армирана бетонска греда и плочи на градилиште на супермаркет во градот Фиренца.

Портпаролот на противпожарната служба Лука Кари изјави дека го извлекле телото на петтиот работник. Три лица извлечени се живи од под урнатините.

Според прелиминарните проценки, несреќата се случила поради „структурен колапс“, што било предизвикано од погрешна поставеност на носечката греда.

Обвинителството од Фиренца нареди истрага за случајот, земајќи ги предвид обвиненијата за небрежност и повеќекратно убиство од небрежност, но во оваа фаза не се именувани осомничени.

Колапсот ја потресе веќе изнемоштената земја која во последниве години претрпе низа смртоносни несреќи на работни места додека во земјата владеат жестоки политички дебати за лошите и ризични работни услови.

Во август минатата година, пет работници во железницата загинаа откако беа удрени од брз воз додека вршеа работи задачи за одржување на железницата.