Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орбан најави дека наскоро ќе дадат зелено светло за членство на Шведска во НАТО

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Спорот меѓу Унгарија и Шведска би можело наскоро да биде надминат, а владата на Виктор Орбан најави дека парламентот за време на пролетната сесија кон крајот на овој месец би можела да даде зелено светло на ратификацијата на Шведска за членство во НАТО.

Орбан изјави дека тој и шведскиот премиер Улф Кристерсон презеле чекори за обнова на довербата меѓу двете земји.

Ваквата негова изјава доаѓа во пресрет на доаѓањето на двопартиската делегација од американскиот Конгрес на Унгарија во недела со цел да изврши притисок врз Будимпешта.

Во соопштението на амбасадата на САД во које беше најавено доаѓањето на американската делегација се вели дека сенаторите ќе допатуваат во Унгарија за да разговараат за „стратешките прашања со кои се соочуваат НАТО и Унгарија“.

„Пристапувањето на Шведска во НАТО е прашање што директно влијае на националната безбедност на САД, а исто така и на безбедноста на Алијансата како целина“, рече американскиот амбасадор во Будимпешта Дејвид Пресман претходно овој месец.

Унгарија е единствената земја членка на НАТО која го нема ратификувано шведското барање.