Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гатузо доби отказ: Марсеј нема победа уште од декември

/

пред 959 дена

Сподели преку :

Олимпик Марсеј денеска му врачи отказ на тренерот Џенаро Гатузо поради серијата лоши резултати на тимот. Италијанецот седна на клупата на стадионот „Велодром“ во септември минатата година, но очигледно неговата работа не функционираше.

Марсеј изминатиов викенд загуби од Брест, падна на 9.место на табелата во Лига 1 и нема победа уште од 17 декември. На последните шест натпревари има освоено вкупно четири бодови, испадна од Рен во Купот на Франција, а на првиот натпревар од елиминациите во Лигата на Европа, ремизираше 2-2 со Шахтер Доњецк.

Гатузо претходно доби отказ и од Валенсија, Наполи и Милан. Нов тренер на Марсеј најверојатно ќе биде 70-годишниот Жан-Луи Гасет.