Иако сè уште има можност за носење на изборниот законик и усвојување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР, мала е веројатноста да бидат прифатени клучните забелешки околу начинот на финансирање на партиите и медиумската кампања.
Претничките на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Снежана Калеска Ванчева и Дафина Стојановска во вечерашната Топ Тема изјавија дека забелешките на ОБСЕ треба да се вградат во Изборниот законик, но дека време за суштински измени нема.











