Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Германија не може да се влезе со стариот македонски пасош

/

пред 972 дена

Сподели преку :

Македонскиот пасош со старото име можеби сѐ уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче Веле објаснуваат дека со пасошот без новото уставно име на државата може да се излезе, но не и да се влезе во земјата.

Додаваат дека германските власти прават сѐ за да им ја олеснат ситуацијата на македонските државјани кои не успеале да извадат пасош со новото уставно име, а таа помош е во прв ред насочена кон заштита на нивните права.

Тоа значи дека македонските државјани можат да ги користат пасошите со старото уставно име за лична идентификација во Германија, но нема да можат да влезат во земјата доколку немаат нова патна исправа со името Северна Македонија.

Спротивно на вчерашната изјава на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека е срамота државата своите граѓани да си ги зароби дома, а патните исправи со старото име да важат во овеќе европски земји, меѓу кои ја наброја и Германија.

Македонското здружение „Централен совет на Македонците во Германија“ со седиште во Берлин, за време на викендот најави тужба против Македонија, доколку до 23 февруари властите не ја преиначат одлуката за важноста на пасошите со старото уставно име и доколку не се обезбеди побрзо издавање на нови пасоши.

Дијаспората во Германија се заканува со тужби, во државата снемува обрасци за пасоши

Од здружението велат дека со прогласувањето на важечките пасоши за неважечки, без притоа да се обезбедат доволно капацитети за издавање на нови пасоши, се создале огромни проблеми со кои се прекршуваат човековите права на македонските граѓани.

По стапување во сила на одредбите од Преспанскиот договор потпишан со Грција, од 13 февруари се стесни кругот на земји каде што македонските граѓани можат да патуваат со старите документи на кои не и им е истечен рокот, но се отпечатени со старото име на државата. Освен во соседните земји како Косово, Србија, и Албанија каде се дозволува влез со лична карта, во Бугарија и Грција, како и во повеќето европски земји влез е дозволен само со документи со новото име на државата.

До вчера требало да пристигнат 400.000, а пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши