Проблемот со пасошите може да се реши со измени на Законот за патни исправи, со кои ќе се продолжи рокот на важење на пасошите со Република Македонија до крајот на годинава, исто како што се продолжи важноста на возачките дозволи, рече денеска пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ при посетата на Штип.
На 13 февруари престанаа да важат старите пасоши, затоа што поминаа пет години од промената на името во Република Северна Македонија.
Мицевски потсети дека нивната пратеничка група на 12 февруари предложиле два закони – за продолжување на важноста на возачките дозволи и за продолжување на пасошите. Според него, владејачкото мнозинство предложи ист закон за возачките дозволи и тие го поддржале.











