200 нови организации и приватни лица ќе се најдат на листата санкции за Русија која ја утврдува ЕУ во очи две годишнината од руската агресија врз Украина. Во Европа ќе им биде замрзнат имотот на фирмите кои можат да придонесат во военото зајакнување на Русија. Во ЕУ постојано се води дебата околу ефикасноста на санкции, особено оние во економската област кои Русија постојано ги заобиколува и засилено им продава нафта и гас на Индија и Кина. Експертите во САД предлагаа запленување на средствата на руската централна банка и нејзините ескпозитури низ Европа, па се до ограничување на цената на руската нафта од страна Г-7.
Напуштајќи ја Белата куќа, пред да замине на тридневна посета на Калифорнија американскиот претседателот Џо Бајден рече дека Бела куќа во петок ќе објави „голем пакет“ санкции против Русија како одговор на смртта на Алексеј Навални.
- Дали си спремен? Па, барам…те гледам. Гледам во тебе. Дојдов да ви кажам како што реков дека ќе објавиме санкции за Русија. Во петок ќе го објавиме големиот пакет. Ќе бидам среќен да седам со сите вас кога ќе го направиме тоа, во ред?, рече Бајден.
Рускиот претседател Путин, пак денеска во близина на Москва на церемонија на аеродромот Чкаловски им додели награди на воздухопловните сили.Путин им честиташе на војниците и офицерите за храброста што ја покажале за време на специјалната воена операција во Украина.
- Мило ми е што имам можност денеска да им доделам високи државни лични награди на воздухопловните единици и единиците на воздушните сили. Нивниот персонал, војници и офицери покажаа храброст и храброст за време на специјалната воена операција. Тие извршија 1.000 борбени мисии, покажаа највисока вештина во решавање на зададените задачи“, рече рускиот претседател Владимир Путин.
Повеќе прашања отколку одговори за тоа што се случило со 47-годишниот маж. Смртта на Навални ја лиши руската опозиција од лидер на помалку од еден месец пред изборите на кои е извесно дека Путин ќе си обезбеди уште шест години власт. Западот инсистира на тоа дека крајната одговорност е кај Путин. Одговори за смртта бара и неговото семејство. Во изјава за лондонски Тиме, својата теорија ја изнесе рускиот активист за човекови права Владимир Осечкин кој рече дека Навални најверојатно бил убиен со „еден удар“ во срцето, техника што ја користела КГБ. Германски Билд дојде до информации дека руската ќелија која дејствува против Путин планирала да го ослободи Навални од затворски логор. Но планот не успеал бидејќи постојано се менувало времето и денот на префрлање во колонијата. Навални почина на 16 февруари кога, според руските власти, му се слошило по прошетка од синдром на ненадејна смрт. Луѓето плодолжуваат цвеќе на спомениците во Русија во чест на опозицискиот лидер, но руските војници на брзо ги уништуваат импровизираните споменици. Расте и бројот на уапсени граѓани кои му оддаваат почит.
Билјана Ставрова











