Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарите во Устав, изборот на претседател да биде во Собрание – Таравари бара поддршка од ДУИ за претседател на Македонија

/

пред 970 дена

Сподели преку :

Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот, отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик и изборот на претседател да се прави во Собрание, а не повеќе преку избори. Ова се трите постулати во претседателската платформа на Арбен Таравари на кои ќе цели со неговите партнери при идното отворање на Уставот, се вели во соопштението од неговиот Кабинет.

Во него се додава дека тие се во линија на мислата на Арбен Џафери, а Таравари со нив ќе ја зајакнува консензуалната демократија во земјата.

„Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна. Имаме намера за прв пат албански кандидат да влезе во втор круг на претседателските избори и сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем. Ги повикувам Албанците и ДУИ, која сè уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура. Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Таравари.