Обвинителот Артан Ајро не успеал да го пополни „Трезор“ на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), со докази за финансиските проневери за набавка на електронско-комуникациски софтвер кои наводно ги сториле Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Тони Јакимовски во Петта управа. Судечкиот совет му кажа НЕ на обвинението и прогласи слобода за обвинетите. Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков сталожено, концетрирано ја прими одлуката за запирање на последниот судски прогон против него.ж
Па, наместо осум години затвор, колку што му изрече истиот суд за истиот предмет, но за друго дело од корпусот злоупотреба на службената положба во повторениот процес, Сашо Мијалков гонет за пречорување во службата, тој доби слобода. Не се обезбедени докази против него и неговиот шеф на Кабинетот, Тони Јакимовски како и тогашниот директор на Петта управа, Горан Грујовски. Судот тврди дека, обвинителот не ги испочитувал насоките од апелациониот суд, кој ја укина првата пресуда и го врати предметот во Кривичен. Обвинителот не доставил финансиско вештачење како се злоупотребени околу 350.000 евра.
СЈО, во 2017-та ги обвини челниците во МВР дека договарале софтвер со британска компанија за специјализираните уреди за прислушкување, а дополнително била договорана и обука. Целата злоупотреба одела преку фирма сопственост на нивни познаник. Со измените на кривичниот законик, секако делото на Мијалков, злоупотреба на службената положба од членот 353 застаруваше, во јули годинава, така што обвинителот Артан Ајро направи интервенција и продолжи да го гони за сличен член – пречекорување во службата, за што судот денеска констатираше дека не успеал да го докаже делото и поткрепи со финансиско вештачење како доказ.
Претходно во вода за Мијалков падна и предметот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушкување, а државата е должна да му ги плати адвокатските трошоци за маратонскиот процес.
Мијалков се спаси и во „Титаник 2“ за изборните нерегуларности, откако исто Апелација по првостепените одлуки, процесот го врати во основниот суд. Во „Тортура“ на СЈО, Мијалков помина со ослободителна. Па, така од 22 години предвидена затворска казна, Мијалков останува да ги доодлежи трите години затвор во затворот во Струга за предметот „Империја“ во кој се спогоди со обвинителството за намалување на казната во замена за имот вреден околу 30 милиони евра, готовина и недвижнини.
Возачот на затворското комбе, Мијалков поради примерно однесување и отслужена половина казна вложи жалба да добие условен отпуст. Тој уште еднаш ги положува надежите во Апелација која се уште одлучува, откако Кривичен го одби барањето Мијалков да биде порано ослободен.
Павле Беловски











