Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД воведуваат нови санкции против Русија

/

пред 974 дена

Сподели преку :

Пред втората годишнина од руската инвазија на Украина, Вашингтон воведува нови санкции против Москва. Заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо нагласи дека 500 цели ќе бидат предмет на казнените мерки, вклучувајќи компании и воено-индустриски комплекси.

САД и нивните сојузници се обидуваат да го задржат притисокот врз Русија и покрај сомнежите околу тоа дали американскиот Конгрес ќе одобри дополнителна помош за Киев. Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги исцрпи парите кои претходно беа одобрени за Украина, а барањето за дополнителни средства е во застој во Претставничкиот дом под контрола на републиканците.

Споменатиот пакет ќе биде последен во серијата санкции против Москва објавени од Соединетите Држави и нејзините сојузници по руската инвазија на Украина во 2022 година, во која загинаа десетици илјади луѓе и беа уништени многу градови.