Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД се вратија на Месечината по половина век

/

пред 955 дена

Сподели преку :

За прв пат по 50 години, САД се враќаат на Месечината. Американската приватна компанија „Intuitive Machines“ од Хјустон потврди дека нејзиниот вселенски слетувач наречен „Одисеј“ успешно се стационирал на лунарната површина во близина на јужниот пол на Месечината, но засега емитува слаб сигнал. Потфатот се смета за историски бидејќи има значителен придонес и за комерцијалното истражување на вселената, но и за американската вселенска програма во целост.

Денес за прв пат по половина век, Соединетите Американски Држави се вратија на Месечината. Денес за прв пат во историјата на човештвото, комерцијална компанија, американска компанија го започна и го водеше патувањето таму горе. Денешниот ден ги покажува моќта и потенцијалот на комерцијалните партнерства со НАСА. Честитки за сите вклучени во овој голем и смел потфат на „Интуитив машинс“, „СпејсИкс“ и овде во НАСА. Каква победа. Одисеј ја освои Месечината, изјави Бил Нелсон, администратор во НАСА.