Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војдан Стојановски ќе биде во составот: Со сите сили кон победа против Естонија

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 19 часот во салата „Кале“ во Скопје ја пречекува Естонија на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Првиот натпревар ќе биде можеби и најважен за Македонија во битката да се врати на големата сцена.

Нашите кошаркари се најдоа во силната квалификациска група Х. Па покрај Естонија за ривали ги имаме гигантот Литванија и селекцијата на Полска. Според актуелното реноме и квалитет, наш најголем ривал за место на континенталниот турнир е Естонија. Со оглед дека Полска е еден од кодомаќините на турнирот, нејзиното учество е загарантирано, а Литванија е секако еден од топ фаворитите за пласман, Македонија треба да биде подобра само од Естонија за да се врати на Европските првенства.

Оваа балтичка земја изминативе неколку години е наш редовен ривал. На последните пет средби имаме само една победа. Изминатото лето игравме во претквалификациите за Олимписките игри и загубивме убедливо со 83-59. Последната победа ни е пред точно три години кога славевме со 86-84.

Во тимот се враќа нашиот најдобар играч Ненад Димитријевиќ, а на располагање на селекторот Александар Јончевски ќе му биде и капитенот Војдан Стојановски. Тој пропушти неколку тренинзи поради повреда на задната ложа, но сепак ќе биде во составот за вечерашниот дуел. Се очекува и деби на Американецот Итан Хап, кој треба да ја засили центарската позиција.

На првиот дуел во нашата квалификациска група Х, вчера Литванија ја оправда фаворитската улога и ја совлада Полска со 83-64.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025
1.КОЛО

ГРУПА Е
КИПАР – БИХ
ФРАНЦИЈА – ХРВАТСКА

ГРУПА Ф
ГРЦИЈА – ЧЕШКА
ВЕЛИКА Б. – ХОЛАНДИЈА

ГРУПА Г
ДАНСКА – ГРУЗИЈА
СРБИЈА – ФИНСКА

ГРУПА Х
МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА