Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Непринципиелни сопки при собирање на 10 илјади потписи?

/

пред 968 дена

Сподели преку :

Нечиста игра и непринципиелни сопки уште од првиот ден пријавуваат дел од потенцијалните кандидати за претседател на државата кои не се врзани со поголемите партии и мора да соберат 10 илјади потписи за кандидатура. Најавија приговори до Државната изборна комисија за која велат дека не направила ништо за да ги информира граѓаните каде точно се наоѓаат подрачните единици.

Кандидатката на Левица тврди дека местата за потпишување се тешко пристапни, а се сомнева и дека нејзината вебстраница отворена за вакви информации, е цел на напад. Проблеми пријавува и кандидатот од „Движење ЗНАМ“.

Во трката за собирање на потписи влегува и Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз, која е оптимист дека ќе успее да го собере потребниот број.

Со собирање на потписи почна и кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.

Денеска се зголеми и бројот на лица кои собираат потписи. Во ДИК се пријавиле и господин Поповски, Томе Николоски и Ѓорѓи Манасков, кои собираат потписи како независни лица. Со нив, бројката се искачи на 12 кандидати, а точната бројка на тие кои ќе се борат за претседателската фотелја во Вила Водно, ќе се знае по 8 март.

Далиборка Демјанска Цветановска