Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Литванија собра околу девет милиони долари за украинските војници

/

пред 972 дена

Сподели преку :

Граѓаните, компаниите и организациите во Литванија донираа околу 8,3 милиони евра (девет милиони американски долари) во четиринеделната кампања за собирање средства за купување заштитна опрема за украинските војници.

Две години по почетокот на руската инвазија врз Украина, „Радаром“! кампањата, која ја иницираа литванското радио и неколку јавни личности, заврши синоќа со хуманитарен концерт.

Балтичката држава е членка на Европската унија и НАТО и има 2,8 милиони жители.

Парите ќе бидат искористени за купување на 1.115 комплети за индивидуална заштита за војниците – секој од нив се состои од уред за ноќно гледање, ласерски нишан и систем за заштита од дрон.

Опремата е произведена во Литванија, која е еден од најверните поддржувачи на Украина, пренесе ДПА.